Животна училница // Приказни
Каролина Гочева никогаш не сме ја виделе во вакво издание: Лудува и се лизга со внуката

Неодамна беше на одмор во Италија, со сопругот Михаил Корубин, од каде што сподели романтични приватни моменти, сега Каролина Гочева објави и фотографии од одморот со женскиот дел од нејзиното семејство.
Заедно со сестра ѝ Сандра, внуките Луција и Инес, Каролина поминала неколку прекрасни денови во Сплит, Хрватска. Ова е традиционален одмор за женските, кои го посетуваат хрватското приморје и изминативе години.
На почетокот на летото, тие беа заедно на одмор и во Грција, каде им се придружи и мајката на Каролина и Сандра, Светлана.
„Уште една Хрватска со мои Јерчиќи…едвај чекам следна година пак!“ - напиша пејачката во опсиот на фотографиите.
А, сега објави ново видео. Погледнете колку се слатки со внуката и што прават Фото: Инстаграм