Кинезите испишаа историја: Половина век по САД, се вееше кинеското знаме на месечината

Добивај вести на Viber

Кинезите испишаа историја: Половина век по САД, се вееше кинеското знаме на месечината

Педесет години по Соединетите држави и Кинезите го поставија своето знаме на Месечината.

Кинеската национална вселенска агенција објави фотографии на кои се гледа црвено знаме со пет sвездички поставено на површината на Месечината.

Знамето е снимено со камера на вселенската сонда „Чанг 5“ пред да ја напушти Месечината во четвртокот и да се упати кон Земјата со примероци од карпи.

Кинескиот весник Глобал Тајмс објави дека кинеското знаме е потсетник на „возбудата и инспирацијата“ што ги придружуваше американските мисии „Аполо“.

Знамето на платното е тешко околу еден килограм, долго е два метри аво ширина 90 сантиметри. Сите негови делови се заштитени од студ, рече водачот на проектот Ли Џунфенг, додавајќи дека вообичаеното национално знаме од Земјата нема да ја преживее околината на Месечината.

Првата земја што го постави своето знаме на Месечината во 1969 година беа САД. САД подоцна поставија уште пет знамиња за време на следните мисии до 1972 година.

Во 2012 година, НАСА објави дека сателитски снимки покажуваат дека пет американски знамиња сè уште стојат на Месечината, а експертите наведуваат дека тие најверојатно целосно исчезнале поради влијанието на сонцето.

Кина вчера објави дека нејзината најнова сонда на Месечината заврши со земање примероци од површината на Месечината и ги заклучи во вселенско летало за да се врати на Земјата, што е првпат некоја земја да проба ваква мисија во последните 40 години.

„Чанг 5“, третата кинеска сонда што слета на Месечината, е последна во низата се повеќе амбициозни мисии за вселенската програма на Пекинг, која има и сонда на пат кон Марс.

Ако сондата се врати на Земјата без тешкотии, Кина ќе биде третата земја што собира примероци, по Соединетите држави и поранешниот Советски сојуз.



Фото: EPA-EFE/CHINA NATIONAL SPACE ADMINISTRATION