Ќе се спружам на кревет за Нова година: Весна Бејби за Женски магазин открива како ќе ја прослави оваа ноќ

Добивај вести на Viber

Во пресрет на Новогодишната ноќ, ексклузивно за Женски магазин, актерката Весна Петрушевска Бејби откри како ќе ја дочека и прослави Новата 2021-ва година.
-Оваа Нова Година како ден нека врви поскоро оти не се трпи веќе. На 31-ви имам намера да се спружам на кревет во Охрид, да слушам како дува ветерот и да подишам чист воздух. Некако можеби секоја година треба вака да си посакуваме. Тука и сега... здравје, љубов и грижа.
Ќе дремеме заедно со Мина, нашите три кученца и секако Вики со својата поширока фамилија. Не се групираме, ќе славиме одговорно, изјави Весна Петрушевска Бејби за Женски магазин.

Р.Ж.М