Кога одлучил да ја запроси својата десетгодишна љубов, таа му раскинала и завршила со неговиот кум: Аце Стојковиќ раскажува за пеколот низ кој поминал

Добивај вести на Viber

Александар Стојковиќ – Аца, популарниот јутјубер од Власотинце, чиј хумор го обожава и македонската публика, неодамна ја сподели својата најтешка животна приказна – онаа што ја криеше зад насмевките и шегите во неговите видеа.

Во едно од последните видеа, со тивок глас и грутка во грлото, Аца призна дека животот не му бил секогаш исполнет со радост и смеење. Денес е среќен во брак со Јована, со која има ќерка и заедно ги одгледуваат нејзините три деца од претходниот брак.

Но, само пред неколку години, вели тој, живеел сосема поинаков живот – еден што мислел дека ќе трае засекогаш.

Аца бил речиси десет години во врска со својата средношколска љубов. Во тоа време најблизок пријател му бил крстениот кум – човекот кому најмногу му верувал.

Секојдневно биле заедно, патувале, славеле, делеле радости и тајни. „Имав сè – љубов од соништата и пријател за цел живот“, раскажува тој.

Планирал да ја запроси девојката и да направи голема свадба. Но токму тогаш, без најава и без објаснување, таа му соопштила дека сака да раскинат. Неколку месеци подоцна, како гром од ведро небо, низ малото Власотинце се проширила веста – неговата поранешна девојка и неговиот кум започнале врска.


„Тоа беше најтешкиот период во мојот живот. Изгубив и љубов, и пријател, и доверба во луѓето“, признава Аца. Кумот и девојката денес се во брак и имаат дете, а тој едвај се изборил да го продолжи животот.

„Во најтешките денови ја запознав Јована. Таа ме врати во живот. Ме научи повторно да се смеам и да верувам дека добрината постои,“ вели Аца.

Денес, кога зборува за минатото, не крие горчина, но ниту сочувство. „Сè се врти. Тие имаат семејство, но и извалкан образ што никогаш нема да го измијат. А јас – мир во душата и луѓе што ме сакаат вистински.“

Со оваа исповед, Аца им порача на своите следбеници: „Не се распаѓајте кога животот ќе ве изневери. Можеби токму тогаш почнува најубавиот дел од вашата приказна.“

Извор: Youtube / Принтскрин видео YT