Која прва ќе распали: Карлеуша и Северина облечени исто

Едната се разведува, другата има проблеми со сестрите и се тепа со нив (или ја тепаат, сеуште не е познато). Едната е Карлеуша, другата Северина. И двете најдобри на Балканот во поглед на публика, сценски настапи, хитови и секако, стилот на облекување.
Овие пејачки изградија свои препознатливи стилови низ годините и мора да се признае дека се облекуваат одлично, на висина на задачата, сценски издржано, провокативно и сето она што го бара шоу бизнисот.
За Карлеуша се знае дека во неколку наврати ја копираше Ким Кардашијан. И таа не ѝ остана должна. Секаде го истакуваше тоа, за еден дем на Ким да и дојде преку глава ѝ да и напише на Јелена „Добра си, ок е„. И северина ја копираа долги години во стилот, но таа ретко се огласува за тоа.
Ама сега, двете диви беа исто облечени. Креацијата од џинс на Тери Муглер ја носеше Северина пред една недела, а потоа Карлеуша се фотографираше во иста креација нешто подоцна, само делот кај задникот го исекла или такви ги порачала.
Дали ќе има „војна“ кој од кого копирал изглед?