Колинда не престанува да воодушевува со својот изглед: „Нема подобра на цел свет“

Добивај вести на Viber

Колинда Грабар Китаровиќ во последно време ја воодушевува јавноста со својот изглед. Овој пат таа се сликаше во фустан со линии и предизвика позитивни коментари.

Откако неодамна ја „разгоре“ јавноста во необични изданија, ослабе дури 20 килограми, Колинда Грабар Китаровиќ на својот Фејсбук профил додаде фотографии од Дубровник, а една од нив посебно се издвои.

Имено, таа ги сликаше сите убавини на Дубровник, а меѓу фотографиите имаше и една на која позира во интересен фустан со линии.


„Ништо како Хрватска. Последните спомени од летото во нашата величествена Хрватска. Време е да се вратиме на работа“, напиша Колинда во својата објава.

Луѓето со ентузијазам ги коментираа нејзините фотографии.

„Нема ништо подобро на цел свет!“, „Хрватска принцеза“, „Нашата кралица“, „О, какво тело“, се само дел од коментарите.

Фото: ФБ