Комити на веков: Гавазова, Стефановска и Адријана Кеш ги покажаа мустаќите

Добивај вести на Viber

На една веселба три познати дами од естрадата изненадија со фотка која никој не ја очекуваше. Имено, Сузана Гавазова, Адријана Кеш (Ацевска) и Татијана Стефановска, на Инстаграм стори објавија фотографија на која тие имаат мустаќи.

Фотката очигледно е направена да измами насмевка и сигурно успеа во тоа. 

Сузана, Татјана и Адријана се едни од најатрактивните пејачки на нашата фолк музичка сцена. 


Адријана во една прилика за Женски магазин откри дека таа секогаш е на некаква диета и внимава што јаде и така ја одржува фигурата, но и дека не е љубител на многу нападна шминка.

А Сузана пак истакна, дека ако не била пејачка немало да троши толку многу пари на облека.

Додека пак, фолкерката Татијана Стефановска пред една година се оствари во улогата на мајка. Таа вешто ја криеше бременоста. Пејачката е во хармоничен брак со Митко Бежановски повеќе од 10 години, а малата Јана која се роди во јуни 2021 е плод на нивната љубов.


Фото: Инстаграм - Сузана Гавазова/Tатијана Стефановска/Адријана Кеш