Кралицата Елизабета ги зачуди сите: На работната масата има фотографија само од еден принц

Добивај вести на Viber

Британците се навикнати на тоа дека кралицата при секое обраќање секогаш има фотографии од целото свое семејство или барем од поблиските наследници, но оваа година во кадар беше само една личност...

Голем број луѓе и оваа година ја следеа традиционалната божиќна порака на кралицата Елизабета Втора, за време на која воочија еден интигантен детаљ - на својата работна маса, кралицата овој пат имаше фотографија само од еден принц.

Таа секоја година за Божиќ, на 25 декември им се обраќа на Британците и останатите жители на земјите на Комонвелтот, а овогодинешната порака остави посебен впечаток.


Сепак, медиумите како и вообичаено ги анализираа и другите детали од видео - порака, како што е работната маса на кралицата.

Британците се навикнати дека кралицата Елизабета при обраќањето секогаш има фотографии од целото свое семејство или барем од најблиските наследници, но оваа година во кадар беше само фотографијата од еден принц - нејзиниот сопруг Филип, со кој оваа година прославија 73 години брак.