Кроација со радост ги пречека првачињата на своите вработени

Добивај вести на Viber

Компанијата ја потврдува својата посветеност кон семејството и идните генерации

Првиот училишен ден е еден од најважните моменти во животот на секое дете и неговото семејство. Со голема радост и искрени желби за успех, компанијата Кроација осигурување денес организираше посебен настан за најмладите – првачињата на своите вработени. Настанот претставува симболичен почеток на едно ново поглавје, исполнето со знаење, другарство и училишни авантури.Во топла и пријателска атмосфера, децата беа пречекани со насмевки, пригодни подароци и искрени желби за успешен и безгрижен почеток на нивното ново животно поглавје – училиштето.

За родителите, компанијата обезбеди слободен ден, за да можат заедно со своите деца да го споделат овој значаен момент и да создадат незаборавни семејни спомени.

„Првачињата се иднината на Кроација и нашата најголема инспирација. Веруваме дека вложувањето во семејството и поддршката за вработените се темел за создавање стабилна и посигурна иднина. Ова е потсетник дека грижата за идните генерации е заедничка мисија, која започнува уште денес,“ изјавија од компанијата.

Настанот заврши со многу радост, фотографии и искрени детски насмевки. Компанијата најави дека и во иднина ќе продолжи со активности насочени кон поддршка на семејствата на своите вработени и негување на семејните вредности.

Со оваа активност, Кроација осигурување уште еднаш ја потврдува својата општествена одговорност и посветеноста кон креирање позитивна корпоративна култура.

Фокусот на семејството, поддршката за вработените и вложувањето во иднината остануваат водилка на компанијата, која континуирано реализира проекти со општествено значење.

ПР објава

ГАЛЕРИЈА: