„ЛАЖАТ - Јадеме ѓубре кое фитнес ботовите го претставуваат како здрав оброк“: Еве како НЕ ТРЕБА да изгледа вашиот појадок

Добивај вести на Viber

Иако појадокот важи за најважниот оброк во текот на денот, изборот на погрешна храна може да предизвика спротивен ефект – пад на енергијата, лошо расположение и зголемен апетит во текот на денот.

Многумина посегнуваат по брзи и лесни опции како пециво, слатки житарки или газирани пијалоци. Ваквите комбинации се богати со шеќери и нездрави масти, но сиромашни со протеини и влакна, па предизвикуваат нагло зголемување на шеќерот во крвта, по што следи брз пад и чувство на умор. 

Пецивата и белите лебови дополнително го оптоваруваат варењето, а газираните пијалоци и овошните сокови од тетрапак додаваат празни калории без вистинска нутритивна вредност.

Сличен проблем се и индустриските мусли и „фитнес“ барови, кои честопати содржат повеќе шеќер отколку чоколадо. Иако делуваат практично, тие не обезбедуваат стабилна енергија ниту долготрајна ситост.

За здрав почеток на денот, нутриционистите препорачуваат појадок со протеини (јајца, јогурт, урда), сложени јаглехидрати (овес, интегрален леб) и здрави масти (авокадо, јатки, семки). Ваквиот баланс ја стабилизира енергијата и го намалува желбата за нездрава храна во текот на денот.

Freepik

Со други зборови – појадокот треба да ве подготви за активен и продуктивен ден, а не да ве остави уморни уште пред да започнете.

Ви пренесуваме листа на намирници кои никако не треба да се најдат на вашата порција за појадок:

„Експрес енергетска бомба“

  • 2 кроасани полнети со чоколаден крем – богати со шеќер, бело брашно и заситени масти, без речиси никакви влакна или протеини.

  • Чаша газиран пијалок со вкус на портокал – наместо природен сок, внесувате повеќе од 6 лажички рафиниран шеќер и вештачки бои.

  • Слатка житарка со шарени преливи (од кутија) – изгледа „детски“ и „забавно“, но содржи повеќе шеќер отколку една чоколадна табла, а многу малку хранливи материи.

  • „Фитнес“ бар со чоколаден прелив – иако маркетингот го претставува како здрав, всушност е полн со сируп од гликоза, палмино масло и минимални протеини. Иако има и навистина здрави варијанти кои се без шеќер, постојат и продукти кои се полни со шеќер, а се продаваат како здрава исхрана. Внимателно читајте го составот пред да изберете фитнес бар. 

  • Кафе со шлаг и ванила сируп – калориска бомба од масти и шеќери која го зголемува шеќерот во крвта за рекордно време, по што следи брз пад на енергијата.


Ваквиот појадок може да содржи над 900 калории, повеќе од 50 грама шеќер и екстремно малку протеини и влакна, што значи дека ќе ве направи гладни и уморни уште пред пладне.

РЖМ