„Од симпатична буцка до презгодна дама“: Еве што јаде поранешната хрватска претседателка за совршена линија

Колинда Грабар-Китаровиќ открива како ослабела без броење калории – без шеќер, со здрава исхрана и трик со тиквички наместо тестенини.
Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, со години го привлекува вниманието на јавноста не само со своите политички ставови, туку и со физичката трансформација.
Откако се повлече од функцијата шефица на државата, се појавува со никогаш послаба линија, а сега откри што било клучно за нејзиното слабеење и како ја одржува идеалната тежина.
Без броење калории – клучот е во гликемискиот индекс
– Не бројам калории, но внимавам на гликемискиот индекс на намирниците што ги внесувам. Го исфрлив целиот додаден шеќер, како и калоричните пијалаци. Се трудам да внесувам што помалку сол и скроб – изјави Колинда за „24 сата“.
Таа додава дека не верува во нискокалорични диети, туку се труди „празните калории“ да ги замени со храна богата со хранливи материи. Особен акцент става на разновидна, природна исхрана, инспирирана од медитеранската кујна.
Што јаде поранешната претседателка?
Менито на Колинда се базира на здрави, балансирани оброци: приморски чорби и варени јадења од зеленчук, мешунки и зрнести плодови, лиснат зеленчук, салати, риба, пилешко месо, јаткасти плодови, семки, обичен јогурт и кефир, како и традиционалната гробничка палента.
Иако понекогаш јаде и црвено месо, како стекови и болоњез, вели дека лебот речиси целосно го избегнува – освен на патувања, кога нема многу избор.
Пицата – единствена слабост
Колинда признава дека обожава пица, но се труди да ја јаде ретко и во умерени количини:
– Јадам пица само кога сум надвор со драги луѓе. Нарачувам со многу зеленчук, бидејќи обожавам салати и варени јадења – вели таа.
Промените на неа се забележливи и за пофалба е што само преку регулирање на исхраната дошла до такви резултати.
Фото: Инстаграм