„Неподнослива смрдеа се шири од домот на Цеца“: Соседите реагираат

Добивај вести на Viber

Пејачката се обидела да го реши проблемот со протекување на вода од ѕидот на својата вила, но успеала само привремено, а сега состојбата е уште полоша, велат нејзините соседи.

Приказната на „Курир“ за непријатниот мирис кој доаѓа од вилата на Светлана Цеца Ражнатовиќ со денови беше тема број еден меѓу граѓаните, но и во естрадните кругови.

Како што се очекуваше, оваа приказна ја изнервирала пејачката, па несмасно се обидела да ја демантира. Очигледно, тоа ја поттикнало итно да повика мајстори за да го реши проблемот со водата што се слевала по тротоарот, но и со терасата, чиј изглед не се вклопувал со екстериерот на вилата – на што ѝ укажале соседите.

И понатаму влажно

Таман кога изгледало дека проблемот е решен, во понеделникот соседите повторно се пожалиле – смрдеата станала уште појака. Според нив, на едно место протекувањето било санирано, но водата избила на друго место. Дополнително, почнала да тече вода и од климата, која се излеала на тротоарот. Високите температури од речиси 40 степени го направиле мирисот уште понеподнослив.

Новинарите на „Курир“ лично се увериле во состојбата на терен – на камениот ѕид сè уште имало голема дамка, а од климата течела вода.

Терасата под реновирање

Додека ја проверувале состојбата, затекнале мајстори како работат на терасата. Според соседите, поправките траеле со денови, со постојана бучава, но тие инсистираат дека најголемиот проблем е смрдеата, а не реновирањето.

Извор: Курир

Насловно фото: Курир/РЖМ