„Таа е љубовница, прељубница, или по професија вечна невеста?“: Жељко Шашиќ со брутален коментар за поранешната сопруга

Добивај вести на Viber

Жељко Шашиќ еднаш за медиумите зборуваше за односот со поранешната сопруга и како започнала нивната врска, а потоа проговори и за нејзините партнери по него.

Жељко ја запознал Соња Вуксановиќ кога имал 28 години, а таа 21. По две години добиле ќерка, Софија Шашиќ, но по неколку години бракот се распаднал.

Соња потоа влегла во романса, а потоа и во брак со Аца Лукас, а во еден момент го заведела и Марко Јариќ, по што и бракот со Лукас завршил.

– Прво се заљубив, па се оженив. Се запознавме на море, а подоцна, кога тргнав на турнеја во Германија, се испостави дека тогашниот наш менаџер е од ист град каде што таа живееше. Кога пристигнав, ми рече: „Некој сака да те види“. Кога ја видов, си помислив – тебе те чекав– се присети Жељко, откривајќи дека по неколку месеци почнале да живеат заедно на релација Србија–Германија.

Тој раскажа дека постепено сè почесто останувал со неа, спојувал викенди и на крајот почнале да живеат заедно и во Германија и во Белград. 

– Млади и темпераментни се земавме. Не е точно што новините пишуваат дека имала 18 години, имаше 21, а јас 28. И двајцата бевме деца – вели Шашиќ.

Се пишуваше дека до разводот на Соња и Лукас дошло затоа што го изневерила со Марко Јариќ, а тоа го коментирал и Жељко: – Кого тоа денес го интересира? Ова е шпанска серија и мене ми е забавно. 

А што треба сега да знаеме дека го изневерила со Марко Јариќ? Ако успеала да го заведе, секоја ѝ чест. Можеби покрај мене научила многу работи – рекол тој низ шега.

За поранешната сопруга додал: – Што е Соња сега? Мајка, старлета, стилистка, заводничка, љубовница? Професионална невеста? Не знам која е оваа нова „социјална појава“ – заклучил Шашиќ.

Извор: Курир / Инстаграм