Златни тонови, прекрасен фустан и посебна торта: Мерјем Узерли покажа како го прослави 42-от роденден

Добивај вести на Viber

Турската актерка Мерјем Узерли го прослави својот 42-ри роденден.

Турската актерка Мерјем Узерли, која беше сакана од публиката во серијата „Сулејман Величествениот“ каде што ја играше султанка Хурем, вчера го прослави својот 42-ри роденден.


Таа сподели серија фотографии на социјалните мрежи, благодарение на кои можевме да ѕирнеме во нејзината прослава на роденденот.


Мерјем одлучи да го помине овој ден со своето семејство, па на фотографиите можевме да видиме дека нејзината сестра, родителите, ќерките беа со неа, и дека сè беше проследено со вистинска роденденска атмосфера и дека направија семејни спомени што ќе ги паметат долго време.


Славеничката блескаше во долг златен фустан, а имаше и тиара на која пишуваше „Среќен роденден“.

Роденденската торта беше елегантна со фотографии од нејзиното семејство, а целата просторија каде што се одржа забавата беше украсена со цвеќиња и балони во златни нијанси.


Бидејќи сè беше некако во златен тон, сестрата на славеничката, Џанан Узерли, исто така имаше фустан во истата нијанса.




Турската актерка го доби најубавиот подарок од своите ќерки, кои ѝ нацртаа прекрасни цртежи во нејзиниот роденденски фустан, а за оваа пригода имаа празнични бели фустани со златни детали.

View this post on Instagram

A post shared by meryemuzerlimeryem (@meryemuzerlimeryem)