„Албанија и Црна Гора и официјално се за Македонија ЗАПАД“: ЕУ го објави извештајот за напредок на земјите од Западен Балкан

Добивај вести на Viber

Според анализата на Евростат „Економски развој во земјите кандидати за проширување“, објавена во јули, каде што е наведенo нивото на животен стандард по жител, во сите земји кои имаат статус на кандидати за членство во ЕУ е следен растот/падот на бруто домашниот производ во десетгодишен период – од 2014 до 2024 година.

Анализата се базира на податоци доставени од државите кандидати, кои работат по методологија на Евростат, а податоците се собирани до мај годинава. Според анализата, просечното ниво на БДП по жител во ЕУ пораснало од 26.830 евра во 2014 на 39.680 евра во 2024 година – зголемување од околу 12.800 евра во последните десет години.

Во делот за Србија, се наведува дека во 2024 година номиналниот БДП по жител достигнал 12.510 евра (14.600 долари), што претставува 31,5% од просекот на ЕУ (39.680 евра). Тоа е значително зголемување во однос на 2014 година, кога изнесувал само 5.190 евра.

За Црна Гора, податоците за 2023 година покажуваат БДП по жител од 11.000 евра, што е под една третина од просекот на ЕУ. Албанија е на уште понизоко ниво – 6.500 евра за 2022 година (податоци за понова година нема), што е само 18,1% од просекот на ЕУ.

Иако се очекува Албанија и Црна Гора да станат членки на ЕУ до 2030 година, аналитичарите проценуваат дека и понатаму ќе расте БДП и на нив и на економски поразвиените членки на ЕУ. Според прогнозите на „Статиста“, до 2030 година Албанија би имала 14.702 долари по жител, Црна Гора 17.590 долари, а Србија 21.070 долари.

Преговори за членство

Црна Гора – најнапредната во регионот, со 33 отворени од 35 поглавја и 7 привремено затворени. Главни предизвици: владеење на правото и борба против организиран криминал.

Албанија – се очекува до септември да ги отвори сите поглавја, со цел технички да ги заврши преговорите до 2027 година. Напредокот е умерен.

Србија – отворила 22 поглавја, 2 привремено затворени, но напредокот е успорен поради недостаток на реформи и застој во дијалогот со Косово.

БиХ – кандидат од декември 2022, но без почеток на преговори. Процесот го кочи политичката блокада.

Македонија – преговара од 2022 година, но напредокот е условен со уставни измени за вклучување на бугарската заедница, што предизвикува политички поделби.

Извор