„НЕ СУМ ВО КАТАЛОЗИ НА ПРОСТИТУТКИ, НО...“ Зорица Дукиќ исчезна од јавноста и стана милионерка! Вака заработува пари: Животот го промени од корен

Зорица Дукиќ по завршувањето на својата ријалити-кариера одлучи да заплови во бизнис-вoдите, како и нејзиниот поранешен дечко Милош Вуковиќ Рики, со кого ја подели наградата од 250.000 евра, која заедно ја освоија победувајќи во првата сезона на „Парови“.
Јавноста ја запозна Зорица преку ријалити-шоуто и нејзините контроверзни врски со Гастоз, но атрактивната бринета реши да сврти нов лист и да му се посвети на деловниот живот, па многу брзо стана динaрска милионерка.
Таа паметно ги вложи парите заработени во ријалити-шоуто, па најпрво отвори козметички салон, а потоа дел од средствата ги инвестираше и во својот изглед, така што денес изгледа беспрекорно.
Зорица Дукиќ исчезна од јавноста и стана милионерка!
Забележливо е дека ги зголемила усните и јаболчниците, што драстично го промени нејзиниот физички изглед, но ако им се верува на коментарите на социјалните мрежи, Зорица тоа го направила умерено и со стил.
Проговори за проституцијата
Да потсетиме, Зорица своевремено откри дали некогаш ја поврзувале со проституција поради учеството во ријалити-шоуто. Тогаш таа одговори:
– Кога влегов во четвртата сезона на „Парови“, се затекнав со одредени имиња и уште првата вечер си направив големи проблеми. Тогаш рекоа дека сум го плукала ријалити-шоуто, но јас ги плукав учесничките. Ми беше навистина срам. Како да паднав од крушка. За време на престојот постојано се преиспитував дали луѓето ме гледаат како единка, како поединец со свои квалитети и мани, или како дел од една целина. Тогаш имаше многу девојки со сомнителен морал. Вистина е дека се наоѓав во ситуации кога, ако сте во некое интелектуално опкружување, ве фаќа срам и непријатност да кажете дека сте биле во ријалити. За жал, веднаш тоа го поврзуваат со проституција.
Инаку, Зорица неодамна зборуваше и за својот поранешен партнер со кого победи во ријалити-шоуто и истакна дека за него има само пофални зборови.
Извор