Лекарите ми велеа да правам планови за умирање: Селма Блер со години се бори со мултиплекс склероза, но денес е посилна од било кога, повторно го засака животот

Поради неизлечивата болест, актерката беше отпишана, а денес е посилна од било кога.
Селма Блер со години се бореше со мултиплекс склероза, а сега откри повеќе детали за болеста и нејзината битка.
Американската актерка Селма Блер (49) боледува од мултиплекс склероза, а деталите за борбата со оваа болест со своите обожаватели ги сподели во неодамна објавените мемоари „Mean Baby“. Во споменатата книга таа допре до неуспешните врски, зависност, силување, обид за самоубиство и други засега непознати детали од нејзиниот живот.
Оваа болест на актерката ѝ беше дијагностицирана во 2018 година, а таа почна да оди на хемотерапија и третман со матични клетки.
Селма Блер е родена во близина на Детроит, Мичиген на 23 јуни 1972 година. По дипломирањето на Универзитетот во Мичиген во 1995 година со диплома по англиски и психологија, таа се преселила во Њујорк и почнала да гради актерска кариера. Се прослави со улогите во „Сурови намери“, „Легално русокоса“, „Дневникот на Ана Франк“.
Освен нејзината актерска кариера, јавноста често беше сведок на нејзините проблеми со алкохолот и сцените кои ги правеше. Никогаш не криела дека правела погрешни потези во текот на животот. Според неа, целиот нејзин живот бил проследен со „црни мисли“ и фази кога ја обземале со анксиозност и депресија.
Во книгата Селма отворено зборува за тоа како била жртва на силување и дека двапати се обидела да се самоубие. За прв пат пробала поради невозвратена љубов за време на студирањето.
- Влегов во неговата куќа. Зедов грст апчиња и отидов во неговата бања каде седнав на подот и пиев текила. Но, во последен момент ме фати паника. На крајот, мајка му повика брза помош, која ме однесе во болница - опишала Селма.
Таа се осврна и на првите симптоми на мултиплекс склероза.
- Околу 2008 година, почнав да го губам чувството во нозете на начин каков што никогаш порано не сум доживеала. Почнаа да ме изневеруваат, необјасниво. Еден ден, се спуштав по еден рид со мојот коњ, кога од никаде паднав. Земјата само се лизна од под мене. Тогаш не пиев премногу. Всушност, чувствував дека сум на добро место: бев среќна, бев активна, имав работа. Заклучив дека бидејќи не пиев, тоа мора да е поврзано со диетата, рече актерката и додаде:
- Колку и да звучи тажно, мислам дека можеби немаше да ги преживеам тие години без алкохол. Сега знам дека имав симптоми на МС и дека се обидов да се лекувам со алкохол - пишува актерката која со години одела кај различни лекари, кои ѝ давале различни дијагнози.
- Еден доктор отиде дотаму што ми кажа дека ќе се чувствувам подобро ако имам момче. Со сите симптоми, сите посети, никогаш не ми направија магнетна резонанца. Единствениот лекар кој ја спомна мултиплекс склероза (МС) како можност беше мојот офталмолог, кој ме прегледа за болки во очите кога имав 22 години. Сега гледам дека повеќето од тие лекари, како што беа добронамерни, навистина веруваа дека тоа е главно во мојата глава.
- Ми велеа да правам планови за умирање, не затоа што боледувам од мултиплекс склероза, туку затоа што се борам против неа.
Храбрата американска актерка потоа ја избричи главата и се подложи на лекување. Во потрага по лек ѝ препорачале трансплантација на клетки, но и агресивна хемотерапија за да ѝ се вратат матичните клетки. Но, актерката беше претпазлива.
- Реков дека немам намера да го правам тоа бидејќи не сакам да си го уништам телото. Зошто би ја вбризгала таа ужасна дрога, хемотерапија, во моето тело? Па, немам рак, рекла храбрата актерка која сепак земала помала доза хемотерапија пред да ѝ бидат пресадени матичните клетки.
Бидејќи веднаш почувствувала олеснување, ја убедиле да продолжи со тоа, но на голем ризик.
- Можев да се предадам и да се сожалам, но тоа не е дел од мојот карактер. Јас сум борец и нема да дозволам една болест туку така да ме победи – открива Селма и испраќа силна порака до сите кои се соочуваат со тешки периоди во животот никогаш да не се откажуваат.
- Кога ми беше дијагностицирана МС, мојот живот конечно значително се промени. Станав лице на болеста, поборник за нешто што ми е важно. Иако тоа е улога што никогаш не мислев дека ќе ја играм, таа стана она што сум денес.
Животот со МС не е толку лош како што таа мислеше дека ќе биде, но од друга страна беше многу полош од очекуваното.
- Моето посебно искуство со оваа болест е што го зафати секој сантиметар од моето тело, од скалпот до коскената срцевина. Ако станам пребрзо, паѓам. Ако ме дочека нешто каде што не го знам исходот, не можам да зборувам. Се потам низ облеката, но се смрзнувам. Ако не го земам лекот, не го чувствувам своето тело. Без лекови ја губам и способноста за зборување – раскжува Селма.
Актерката не сака да се откаже од работата поради болеста и можеме да ја гледаме во неколку нови серии, а од неодамна учествува и во шоуто „Танц со ѕвездите“.
- Често користам бастун, но не толку како порано, изјави неодамна Блер и откри дека нејзиното тело било исправено пред предизвик за време на пробите.
- Се стегам додека ме учат нешто. Затоа што едноставно немам поим, на пример, каква ќе ми биде ногата во моментите на стрес, додаде актерката. Сепак, таа сфатила дека кореографот ја води низ се и дека тој е секогаш тука кога ѝ е потребна поддршка, а во текот на ова шоу покажа исклучителен талент за танцување.
Вака изгледа денес актерката која е мајка на едно момче:
извор:stil.kurir