„Луѓето со попреченост не треба да се мешаат со лицата со ментални болести“: Давид Евангелиста за лицата со даун и здравјето

На денешниот Самит Македонија 2025, насловен како „Правете добро за да ја зголемите долговечноста и продуктивноста“ зборуваа неколку познати лица меѓу кои: д-р Александар Митов - специјалист за јавно здравје, д-р Јасмина Бобан - радиолог при Институтот за Онкологија во Војводина, Дејвид Евангелиста - претседaтел на Специјалната Олимпијада на Европа и Евроазија, но и други личности.
На панелот се зборуваше за тоа колку е важно здравјето на граѓаните и дали се потребни промени во навиките за да се зачува здравјето, но се зборуваше и за лицата со попреченост, а на таа тема зборуваше Давид Евагелиста кој истакна дека луѓето со попреченост не треба да се мешаат со лицата со ментални болести.
Тој појасни дека ако во минатото на лицата со посебни потреби како што се лицата со Даунов сидром се гледаше со голема нелагодност, денеска веќе овие лица се поприфатени и се бараат начини за нивна вклученост во општеството. Евангелиста исто така потенцираше дека има голема поврзаност меѓу здравјето на вработените и нивната ефикасност на работните места, за што посочи дека сосема очекувано е поздравите да имаат поголем придонес. Повеќе прочитајте на Фактор.мк
Извор: Фактор