Дали знаевте дека првите знаци на вистинско дебелеење се гледаат на јазикот? НАТАЛОЖУВАЊЕТО НА КИЛОГРАМИ се забележува И ПРЕД САЛОТО НА ТЕЛОТО

Ако мислите дека „шлајфери“ на стомакот или целулитот на бутините се првите показатели за вишок килограми – грешите.
Американскиот лекар и научник, доктор Вилијам Ли, открива дека суптилен, но многу важен знак на дебелеење се гледа на место на кое ретко кој обрнува внимание – на јазикот.
Токму таму, вели тој, маснотијата почнува да се таложи пред да стане видлива во огледало, а последиците можат да бидат посериозни отколку што мислите.
Маснотија на јазикот – скриен сигнал на телото
Во разговор со мотивациската говорничка Мел Робинс, доктор Ли објасни дека јазикот не е само мускул со кој зборуваме и џвакаме, туку сложена структура составена од три дела – врв, мускулеста средина и задниот дел.
Токму задниот дел, налик на перниче, е изграден од масно ткиво и претставува едно од првите места каде што се појавува висцерална маст кај луѓе кои почнуваат да се дебелеат.
„Кога во тој дел ќе се наталожи маст, јазикот за време на спиење го губи тонусот и може да ги блокира дишните патишта. Резултатот се грчење, рчење и прекини во дишењето“, предупреди доктор Ли.
Врската меѓу јазикот и апнејата во сон
Научните истражувања со години ја поврзуваат прекумерната тежина со пореметувања во дишењето за време на сон. Кај лица со опструктивна апнеја е утврдено дека имаат значително повеќе маснотија во јазикот отколку оние кои го немаат овој проблем.
А апнејата во сон не е безопасна – нелекувана може да доведе до срцеви заболувања, мозочен удар, дијабетес, па дури и прерана смрт.
Студија спроведена во 2020 година следела 67 пациенти со прекумерна тежина кои успеале да изгубат 10% од телесната маса. Резултатот бил изненадувачки: симптомите на апнеја се намалиле за 31%, а главната причина била токму – намалувањето на маснотијата во јазикот.
„Колку што јазикот беше потенок, толку повеќе апнејата значајно се ублажуваше“, нагласил професорот Ричард Шваб од Penn Medicine, еден од авторите на студијата.
Извор: Telgraf / Freepik