Не мора да кажете, другите веќе знаат кога сте имале секс: Телото ги открива знаците непосредно по водењето љубов

Не сте изговориле ниту еден збор, а околината веќе „знае“? Науката вели – тоа е целосно можно.
Истражувањата покажале дека телото има свои мали сигнали кога станува збор за сексот. По оргазмот, крвотокот е забрзан, лицето свети, образите поцрвенуваат, а погледот добива посебен сјај – како да сте штотуку слегле од облаци, пренесува avaz.ba.
Одот што открива повеќе отколку што мислите
Интересно истражување на Универзитетот Лувен се занимавало со анализирање на начинот на одење кај жените и открило фасцинантна поврзаност меѓу сексуалниот живот и движењата.
Жените кои редовно доживуваат оргазам имаат видливо полесен чекор, подолг замав и поактивна карлица. Нивните колкови природно се нишаат, а во чекорот има повеќе леснотија – како да носат мала тајна што им дава дополнителна самодоверба.
Насмевка што не исчезнува од лицето
Уште еден непогрешлив знак? Таа ненаметлива, но постојана насмевка. Дури и во најсериозни ситуации, лицето не може да го сокрие задоволството. Како целото тело да зрачи – и навистина е така. Сексот и оргазмот ослободуваат хормони на среќа, па затоа сè изгледа полесно и поубаво.
Значи, следниот пат кога некој ќе делува „некако особено ведро“, можеби и нема да треба да прашате… Телото кажува сè.
Извор: EPA