„Ми рекоа да го извадам бебето од мене и да го фрлам во канта сама“: По спонтан абортус жена доживеала уште поголем шок во болница!

Добивај вести на Viber

Една од пет жени доживува спонтан абортус во првите три месеци од бременоста, што сочинува околу 15% од сите клинички потврдени бремености. Таков случај доживеала и пациентка во Задарската болница, која анонимно го сподели своето искуство.

Таа на 12. недела дознала дека срцето на плодот престанало да чука и избрала медикаментозен абортус. По земањето на таблетите, во болница и се случил абортус и во тоалет видела дека испаднал целиот фетус. Медицинските сестри ѝ рекле да го фрли во корпа или во тоалет, што предизвикало голем шок.

Од болницата одговорија дека постои протокол: за поголем плод се потпишува согласност, а родителите можат да изберат меѓу погреб или селектирање како медицински отпад. Министерството за здравство нагласи дека одлагање во комунален отпад не е дозволено и дека сите случаи мора да се третираат според прописите за патолошки отпад.

Во Македонија нема национален протокол за овие ситуации, за разлика од земји како Велика Британија, Германија или Шведска, каде постојат јасни упатства за постапување со фетус по спонтан абортус.

Според здруженијата за права на пациенти, потребно е воспоставување национален протокол и задолжителна едукација на медицинскиот персонал, како и обезбедување психолошка поддршка за жените кои минуваат низ оваа траума.

Извор: index.hr / EPA