Животна училница // Приказни
Магазинот „People“: Мајкл Б. Џордан е најсекси маж на светот за 2020 година

Магазинот „People“, традиционално како и секоја година, месецов прогласи кој е најсекси маж за 2020 година.
Титулата му припадна на младиот актер Мајкл Б. Џордан, а со изборот се согласуваат милиони негови обожавателки ширум светот.
33-годишниот глумец ја презеде титулата од пејачот Џон Леџенд, кој беше прогласен за најсекси маж за 2019 година.
Мајкл Џордан се прослави со улогата во „Црниот пантер“.
Што се однесува до тоа кој ќе биде најмногу возбуден за неговата нова титула, Џордан инсистира на тоа дека жените во неговото семејство „дефинитивно се горди на ова“, вели тој.
Се согласувате ли со изборот?
Ало, 193! Згодни австралиски пожарникари се соблекоа за најпопуларниот календар во светот

