Актуелно // Insta вести
Маја Поцевска среде зима на егзотична плажа: Проба туристичка атракција за која многумина сонуваат

Поранешната водителка Маја Поцевска замина во Доминиканска Република на уживање.
Водителката на социјалните мрежи се пофали со фотографии од одморот, како ужива на рајските плажи под дебела палмова сенка со коктел.
Посебно била воодушевена од туристичката атракција која на посетителите им овозможува да пливаат заедно со делфините.
„Пливање со делфини“, напиша Маја на Инстаграм.
Инаку водителката веќе неколку години не е дел од медиумскиот простор, но сè уште е актуелна, пред сè поради комплетната промена на нејзиниот изглед, од кој Маја очигледно е задоволна.
Фото: Инстаграм