До духовните височини: Градоначалникот на Штип со семејството на Острог

Добивај вести на Viber

Манастирот Острог, врежан високо во карпите на истоимената планина, и ова лето останува едно од највпечатливите и најпосетуваните православни светилишта на Балканот. Лоциран на надморска височина од приближно 900 метри, овој духовен комплекс годишно привлекува стотици илјади верници и туристи од целиот свет.

Во изминатиот летен период, манастирот беше посетен и од бројни јавни личности, кои Црна Гора ја избраа како летна дестинација не само за одмор, туку и за духовно смирување.

Меѓу нив се најде и актуелниот градоначалник на општина Штип, Иван Јорданов, кој заедно со сопругата Стефанија и ќерката Ангела го посети манастирот. Јорданов на социјалните мрежи објави фотографија направена пред Острошкиот манастир, каде што, семејството поминало краток, но значаен момент на духовна поврзаност.


Иван и Стефанија се во брак веќе седум години. Во едно претходно интервју, Јорданов изјави дека татковството длабоко влијаело врз неговиот карактер, вредностите и односот кон животот, особено кога станува збор за одговорноста како родител.

Острог, покрај тоа што е познат по моштите на Свети Василиј Острошки, е и еден од главните центри на верски туризам во Црна Гора. Со својот впечатлив архитектонски изглед и духовна симболика, тој претставува мост меѓу верата, културата и туризмот.

Фото: Фејсбук
РЖМ - Г.Д.Г