Актуелно // Insta вести
Надица Панчева во блонди издание: Ќерката на Дарко и Маја блеска

Ќерката на поп-ѕвездата Маја Гроздановска-Панчева и фудбалската легенда Дарко Панчев, Надица, повторно ги сврте погледите – овојпат со суптилна, но ефектна промена во изгледот.
Природно убавата Надица се одлучила да ја осветли косата, и тоа во совршена златно-беж нијанса која совршено ѝ прилега на тенот и ги истакнува нејзините црти на лицето.
Од нејзината претходна потемна кафеава боја, Надица направи суптилна транзиција кон посвеж, летен изглед кој е во тренд и тотално шик. Судејќи по нејзината самодоверба и насмевка на фотографиите, променава и те како ѝ годи!
И додека нејзината мајка плени на сцената, Надица чекори по свој стилски пат, покажувајќи дека знае што сака и како да изгледа беспрекорно.
ФОТО: Инстаграм профил Надица Панчева