„Семејната љубов над и пред сè“: Доктор Ненад Лазаров ја покажа неговата сестра Ивана (ФОТО)

Љубовта меѓу брат и сестра е една од најдлабоките човечки врски – не секогаш совршена, но секогаш присутна. Заедничките спомени, поддршката и емоционалната поврзаност го градат тој однос, кој опстојува и покрај сите животни предизвици.
Пример за таква искрена и длабока братско-сестринска љубов се доктор Ненад Лазаров, специјалист по гинекологија и акушерство, и неговата сестра Ивана Серафимовска, членка на Националниот ансамбл „Танец“. Иако професионално активни во различни области, нивната меѓусебна поврзаност е очигледна.
На социјалните мрежи, Ивана сподели фотографија со својот брат, придружена со емотивна порака:
„Гранките на дрвото растат во различна насока, но коренот им е еден. Исто е и со браќата и сестрите. Секој си носи дел од животот на другиот во себе.“
Серафимовска, која со гордост ја носи македонската традиционална носија како дел од ансамблот „Танец“, ретко објавува фотографии со својот брат, што ја прави оваа објава уште повпечатлива и емотивна за публиката.
Нивниот пример потсетува дека, и покрај различните животни патишта, врската меѓу брат и сестра останува еден од најцврстите темели на семејството.
Фото: ФејсбукРЖМ - Г.Д.Г