Интервјуа // Интервјуа
                    
                    
                
                
                Македонскиот Кенеди: Првото кафе на планина го пијам со кучето Хектор
 
                    - Јас сум најслободниот човек на планетава и скоро воопшто не се чуствувам затворено на врвот од планината, туку напротив, слободен сум како птица и секој момент го уживам, а не како луѓето во град што секој ден ги прават истите работи и се им е монотоно.
Јован Божиновски е момчето кое 3 години живее на Попова Шапка, и би останал таму засекогаш. Првото утринско кафе го пие со неговиот најдобар пријател, кучето Хектор, а последното пиво сам. Мирот, тишината и убавината на шарпланинските предели го парви најслободниот човек на планетата и едноставо тој секој ден се заљубува во својот живот таму. Во интервјуто за Женски Магазин, македонскиот Кенеди открива интересни детали од својот необичен живот.
 
                     
                                             
                                             
                                             
                                             
                                             
                                            