Видео кое топли срца: На фестивал во Англија, стотици луѓе учат да играат ора на „Македонско девојче“

„Македонско девојче“ ечи во Англија додека Србинка учи стотици луѓе да играат балкански ора.
Србинката Мари Лон учеше стотици луѓе да играат разновидни балкански ора додека во позадина се слуша песната „Македонско девојче“, а видеото од настанот ја воодушеви македонската јавност.
Ианку, ова се одвиваше на фестивалот „Shambala“ кој се одржува секоја година во август, во Нортамптоншир, Англија.
А Србинката Мари имаше за задача да ја запознае публиката со главните стилови на балканското оро и соло танцување како: Коло - централна Србија, македонски танц 7/8, Са Са - Јужна Србија, Врање - Јужна Србија, Влашко Коло - Источна Србија.
- Сестра ми поттикна стотици луѓе да танцуваат балкански танци на познатиот фестивал Шамбала во Велика Британија! Толку сум горда на Мари Лон што ја сподели нашата прекрасна култура ширум светот - објави нејзината сестра заедно со видеото кое топли срца.