Максимално ги искористи своите 5 минути: Штипјанката Марија го освои жирито во „Ѕвездите на Гранд“

Добивај вести на Viber

Во вчерата емисија од музичкото натпреварување „Ѕвездите на Град“ се претстави 20 - годишната штипјанка, Марија Данева. На сцената ги искористи своите пет минути, а со изведбата на „Збуњена“ од Негатив и „Гинем“ од Магазин го освои жирито, но и публиката. 

Резултатот беше и повеќе од одличен - ги освои сите шест гласа, а позитивните коментари на сметка на нејзиниот изглед и вокални способности не се штедеа. Според новите правила, таа имаше право да одбере ментор и својата доверба и ја даде на Јелена Карлеша, која ќе ја подготвува за следниот круг, заедно со Мира Шкориќ.

Настапот на нашата Марија може да го погледнете во продолжение од 02:17:32: