Малечката хероина Дариа од Скопје која ја победи леукемијата, наполни 4 години (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Огромната насмевка ѝ е заштитен знак на секоја фотографија на нејзиниот Инстаграм профил

Дариа од Скопје во јули минатата година ја имаше последната хемотерапија и беше пуштена на домашно лекување. Таа заедно со своите родители и братчето Дарис, секојдневно се бореше против подмолната болест и излезе како победник.

Овој пат на профилот на Инстаграм сподели фотографии од својот четврти роденден.

„Животот само по себе е прекрасен подарок и не можам да бидам поблагодарна што сум жива, среќна и здрава. Нека ми е среќен роденденот“ - стои во описот на фотографиите.




*23.11.2021 година кога ни го соопштија резултатот, се сеќавам на тој ден како да беше вчера - вели Ермин.

- Плачевме со денови, едноставно животот ви поминува пред очи во тие моменти. Решивме да ја испочитуваме болеста и храбро да се избориме против неа.

Целата приказна започна сосема случајно.Дариа ненадејно почна да го губи апетитот и стана многу бледа. Првичните анализи покажаа дека се работи за анемија. По еден месец терапија, немаше никакво подобрување. Во меѓувреме имаше покачена температура на секои 3 до 4 дена, голема слабост во зглобовите на рацете и нозете и почна да губи на тежина. Тогаш решивме дека е време да ги направиме сите можни подетални анализи бидејќи не ни беше јасно ако се работи за анемија, зошто нема ни 1% подобрување. Од тогаш започна борбата која сѐ уште не сме ја завршиле. - целото интервју со Ермин, таткото на Дариа може да го прочитате ТУКА