Ќерките на Маја и Дарко Панчеви се вистински убавици: Убавината им е наследна

Ќерките на познатиот македонски пар, пејачката Маја Гроздановска Панчева и фудбалската легенда Дарко Панчев, пораснаа во вистински убавици и веќе го градат својот пат низ светот на модата и образованието.
Како и секое лето, семејството Панчеви ја продолжува својата традиција на „женски одмор“, каде Маја, Надица и Марија уживаат во заеднички моменти на море.
Најмладата, Марија, објави неколку фотографии во костим за капење на социјалните мрежи, со кои го привлече вниманието благодарение на нејзиниот впечатлив изглед и извајано тело. Марија активно се занимава со манекенство и е дел од модното студио „Црнокрак“.
Од друга страна, постарата ќерка Надица оваа година го постигна еден од најголемите лични и академски успеси – таа магистрираше и се стекна со титулата професор по англиски јазик и книжевност.
Фотографиите од одморот откриваат хармонична и блиска семејна врска, но и уште еднаш потврдуваат дека убавината и стилот се дел од генетиката на ова семејство. Маја Гроздановска Панчева, и во шестата деценија од животот, зрачи со природна убавина. На најновите фотографии таа се појавува без шминка, со што уште еднаш покажува дека вистинската убавина не се крие зад козметиката, туку во харизмата и ставот.
Фото: Инстаграм
Извор: РЖМ - Г.Д.Г
Голем повод за прослава во домот на Маја и Дарко Панчеви: Поголемата ќерка ги направи горди родители