Марија ги посети сите можни плажи на Тасос! Еве ги цените во Грција - кои места да се посетат, а кои да се избегнуваат

Добивај вести на Viber

Ако барате совршена комбинација од прекрасни плажи, грчка храна и автентична атмосфера ова лето - Тасос би можел да биде вистинско откритие. Токму вака го опишува тиктокерката Марија Тодоровиќ, која сподели детална препорака за плажи и лично искуство од овој магичен остров на својот профил.

Иако Тасос можеби изгледа мал на мапата, Марија Тодоровиќ, позната на ТокТок како @maarijaatodorovic, истакнува дека има многу да понуди, од бајковити заливи и скриени плажи до живописни села и локални специјалитети. А еве ги плажите што не треба да ги пропуштите ако планирате одмор на овој остров:

„Иако доста патувавме на Тасос, би рекла дека не посетивме ниту половина од островот. Дефинитивно препорачувам – тура со автомобил, бидејќи тоа е најдобриот начин да се види што е можно повеќе“, напиша Марија на TikTok.

Плажа Астрид

Цената за 2 лежалки и чадор е 20 евра, но таа сума може да се искористи за храна и пијалоци. Постојат и поскапи верзии, сè зависи од тоа во кој ред сте, но плажата е помала и поприватна. Храната е сосема во ред.

Плажа Марли

Цената за 2 лежалки и чадор е 30 евра, но таа сума може да се искористи за храна и пијалоци.

Псили Амос

Цената за 2 лежалки и чадор во овој бар на плажата Псили Амос е 40 евра, може да се искористи за храна и пијалоци, но храната беше многу лоша и Марија не ја препорачува. Таа истакнува дека плажата е одлична и дека на неа има поевтини кафулиња.

Плажа Ариба

На оваа плажа има природна сенка, па чадор не е потребен, а лежалките чинат 6 евра.

Плажа Ла Скала

Марија тврди дека ова е најдобро уредената плажа, а цената зависи од редот во кој сакате да бидете. Препорачливо е да резервирате место навреме, бидејќи гужвите се поголеми. Во рамките на барот на плажата има прекрасен базен, кој е исто така идеален за уживање.

Плажа Папалимани

Се наоѓа на околу 3 км од Лименас, тоа е мала, многу убава плажа со природна сенка.

Гиола

Ова е една од најпознатите плажи на Тасос. Гиола е природен базен и е особено интересна за деца и за оние кои сакаат да скокаат во вода. Патот до оваа плажа е тежок, еден дел мора да се пешачи.

Плажа Медалија

Оваа плажа е камчеста на брегот, а камени плочи има во водата речиси по целата нејзина должина. До плажата можете да стигнете и со автомобил, со возење по автопатот од Лименарија кон Потос. За нешто помалку од 1 км десно ќе го видите знакот „Медалија“. Почетокот на патот е асфалтиран, потоа се претвора во земјен и прашлив пат, кој ве води до самата плажа. Има и паркинг во сенка. На оваа плажа има остатоци од стар рударски комплекс, а поставени се бројни скулптури и уметнички форми.

Плажа Пефкари

Цената за 2 лежалки и чадор е 20 евра, но таа сума може да се искористи за храна и пијалоци. Ако сакате прекрасни погледи, оваа плажа го нуди токму тоа, особено при зајдисонце.

Плажа Алики

Марија смета дека оваа плажа е мала и преполна.

Плажа Руини

Се наоѓа на истокот од островот, каде што е Алики, а помеѓу тие две плажи се наоѓа археолошко наоѓалиште.

Плажа Кекес, Скидија

Се состои од бели рамни карпи, идеални за сончање и скокање во морето.

Плажа Трипити

Според Марија, ова можеби е најголемата плажа на островот. Има и нудистички дел. Влезот во водата е чакалест, полн со карпи.

Фото: Инстаграм
Извор: Zena.blic.rs