Во Бугарија точете гориво, во Србија јадете месо, а во Албанија пијте пиво: Најефтини цени на производи во земји од регионот

Добивај вести на Viber

Анализата на цените на основни производи во регионот покажува каде потрошувачите можат да најдат најповолни услови за одредени категории. 

Во Србија најефтино ќе поминете доколку планирате гастрономски туризам. Ручек во ресторан најмногу се исплати во Србија. Особено поради цената на месото. 

Unsplash.com

Србија предничи со најевтино говедско месо, кое чини околу 14 евра (≈861 денар) по килограм. Исто така во Србија можете да се напиете и ефтино пиво под 1 евро. 

Во Албанија, можете да уживате во различни типови на пива, од поефтини до поскапи варијанти, но значително се поефтини и свежите морски плодови за разлика од цените во Грција. 

Unsplash.com

Во Бугарија и Македонија најмногу ви се исплати да точите гориво. Во Бугарија цената на бензин е околу 1.24 евра (≈76 денари) по литар, додека за дизел околу 1.23 евра (≈76 денари).

Unsplash.com

Во Македонија, пак бензин чини 1.22 евра (≈75 денари), додека дизел: 1.15 евра (≈71 денар).\

Во Грција цената на некои производи е далку поефтина. На пример грчкото фета сирење можете да го набавите за цени под 2 евра, а можете да најдете и цени за пакет вода по 1,5 литро која чини околу 2 евра. 

Unsplash.com

Најевтино месо има во Србија, најевтино гориво – во Бугарија и Македонија, во Албанија можете да пиете ефтино пиво и да јадете морски плодови по најповолни цени. 

Додека во Грција можете да уживате во свежо овошје, фета сирење и да не трошите многу пари за флаширана вода во летните периоди. 

М.С.К