„Ако до 30 години не сте се омажиле, ни ние не ве сакаме“: Брутален оглас за вработување на стјуардеси во америкасна авиокомпанија

Една жена споделила приказна за нејзината мајка, која работела како стјуардеса во американска авио-компанија без факултетска диплома, но добила отказ веднаш по венчавката.
Во тоа време, стјуардесите често добивале отказ и кога ќе наполнеле 32 години. „Ако до тогаш не сте нашле никого, ни ние веќе не ве сакаме,“ се наведувало во политиката на компанијата.
Неодамна на интернет се појавил оглас за работа од 1940-тите, кој ги шокирал корисниците со своите денес неприфатливи барања.
Кандидатките морале да имаат помеѓу 21 и 26 години, висина од 157 до 167 см, тежина од 45 до 59 кг, да бидат неомажени, со добар вид, и со најмалку една година факултет или диплома за медицинска сестра. Фокусот бил речиси целосно на изгледот, а не на стручноста.
Here are air hostess requirements from the 1940s.
byu/lampoluza inOldSchoolRidiculous
Мајката на авторката едвај ја одржувала пропишаната тежина, придржувајќи се до строга диета со кафе, млеко и четири кутии цигари дневно, под постојан притисок и случајни мерења.
Доколку се здебелела и малку, следувала суспензија. И самата авторка во 1970-тите се обидела да стане стјуардеса, но се соочила со слични критериуми, како „симетрична фигура“. Жените со поголеми гради често биле сексуално вознемирувани – нешто што тогаш се сметало за „нормално“.
Други корисници споделиле слични искуства на нивни мајки кои работеле како стјуардеси. Денешните компании не вршат дискриминација по изглед или возраст.
Извор: Телеграф