Актуелно // Insta вести
Ја наследила убавината од нејзината мајка, па ја пренела на својата ќерка: Во семејството Љумаковски убавината е наследна

Анета Љумаковска често споделува моменти од својот семеен живот на својот Инстаграм профил, а нејзините објави редовно предизвикуваат внимание кај следбениците.
Неодамна објави фотографија со нејзината мајка, при што многумина забележаа колку многу личат – исти црти на лицето, ист шарм и насмевка.
Вчера, Анета објави и фотографија со ќерката Моника, по што следуваа бројни коментари дека и таа изгледа речиси идентично со мајка си.
Следбениците беа воодушевени од сличноста и природната убавина која ја негуваат сите три генерации.
Очигледно е дека во семејството Љумаковски, убавината е семејна карактеристика. Мајка, ќерка и внука пленат со својот изглед, стил и топлина – вистински пример за тоа како се наследува не само убавина, туку и грациозност.
М.С.К