Добри вести од Албанија: Популарната плажа во Ксамил повторно бесплатна

Добивај вести на Viber

Албанските летувалишта стануваат сѐ поатрактивна дестинација за македонските туристи...

Во последниве години, албанското крајбрежје станува сѐ попопуларна туристичка дестинација за летен одмор, особено кај туристите од Македонија. Местата како Ксамил, Дерми, Саранда, Валона, Драч и Химара, распослани долж Јадранското и Јонското Море, привлекуваат илјадници посетители годишно со својата природна убавина и пристапни цени.

Кристално чистата тиркизна вода, белиот песок и убаво уредените плажи придонесуваат за растечката популарност на овие дестинации. Една од најпосетуваните локации, Ксамил, неодамна повторно го привлече вниманието на јавноста – овој пат со позитивна вест.

На официјалната Фејсбук страница „Ksamil Albania“ беше објавено дека јавната плажа во Ксамил, која неодамна беше окупирана со лежалки и чадори од страна на локални бизнисмени кои наплатувале за користење, повторно е ослободена и бесплатна за туристите.


„Јавна плажа на островот Ксамил повторно е бесплатна за граѓаните. Не требаше долго време за еден бизнис да ја окупира плажата, злоупотребувајќи ја со поставување чадори и лежалки. По пријавата добиена од граѓаните, Општинската полиција на Саранда веднаш го ослободи просторот, враќајќи го во јавна употреба, бесплатно за туристите во Ксамил“, соопштија од страницата.

Ваквите реакции од локалните власти беше поздравена од јавноста, особено кога станува збор за заштита на правото на пристап до јавни плажи, кои се една од главните причини за посетеноста на регионот.

Доколку сѐ уште размислувате каде да летувате ова лето, албанското крајбрежје нуди низа живописни и достапни локации. Во продолжение, прочитајте кои се најубавите плажи што вреди да ги посетите.

Кликни тука за листата на топ плажи во Албанија.