Светски познат стример проба ајвар: Праша чиј специјалитет е, а одговорот на водачот ќе ве разбесни

Добивај вести на Viber

Светски познатиот стример и јутјубер IShowSpeed, кого младите често го нарекуваат едноставно Спид, деновиве престојуваше на Балканот, посетувајќи ги Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Грција. 

Но, Македонија ја одмина, што кај домашната публика предизвика разочарување.

Printscreen

И покрај тоа, Спид сепак имаше допир со македонска гастрономија. За време на неговиот престој во Белград, неговиот домаќин – познатиот српски јутјубер Чода, му понуди македонски ајвар, по што Спид беше видно воодушевен од вкусот.

Неговата реакција, забележана на видео, покажува фацијална експресија на изненадување и задоволство.

Контроверзата дојде кога Чода изјави дека „ајварот е српско јадење, иако другите го присвојуваат“, што предизвика реакции на социјалните мрежи.

Фејсбук групата „Патувања низ Македонија“ го сподели делот од видеото, потсетувајќи ја јавноста на вистинското потекло на овој деликатес.


Иако не ја посети земјата, Спид барем накратко го вкуси вистинскиот македонски вкус – а тоа многумина го сметаат за добра покана за следниот пат.