Малото девојче на фотографијата денес е успешна пејачка: Дали знаете за кого станува збор?

Добивај вести на Viber

Пејачката Емина Јаховиќ ги разнежни своите обожаватели со последниот свој пост на социјалната мрежа Инстаграм.

Таа со своите следбеници сподели фотографија од раното детство, на која позира во друштво на својата пријателка со големи панделки во косата.

Она што особено привлече внимание е тоа што Емина се шминкала и тогаш, односно има розов кармин, а се пошегува дека нејзината желба да има своја линија за шминка потекнува од тоа време.

На објавата на пејачката следуваа коментари од воодушевени обожаватели, кои и испратија многу комплименти и рекоа дека отсекогаш била убава.


Фото: Инстаграм/yaemina

Можеби ќе ве интересира:

Многу го посакувала, но сестра ѝ ја спречила: Емина Јаховиќ откри детаљ од приватниот живот