Манекенка која одбива да ги отстранува влакната од телото, гордо ја покажува својата недепилирана интимна зона (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Манекенката Ејми Хиер гордо кажува дека не ја депилира интимната зона и храбро го покажува тоа, но не е единствената!

Некој би рекол дека во 2022 година не треба да разговараме за слободата кога станува збор за депилација, како и дали некој треба или не треба да прави нешто, но оваа тема очигледно за некои е сè уште табу.

Пример за тоа е манекенката Ејми Хејер, која беше мета на злонамерни коментари, само затоа што не ја бричи интимната регија.

Ејми редовно прикачува фотографии и клипови на своите мрежи на кои ги покажува не само недепилираните препони, туку и пазувите, а со својот пример ги охрабрува другите. „Значи, ако влакната не требало да бидат таму, воопшто немаше да растат на нашите тела“, смело изјави манекенката.

View this post on Instagram

A post shared by (@aimeeinghigher)


Секако, бројни дами ја поддржаа и ги споделија своите искуства кои ги натераа да се „откажат“ од депилации, а зачудувачки ја поддржаа и многу мажи. Ејми вели и дека се грижи за својата интима, ги одржува нејзините срамни влакна долги и меки и користи специјален шампон и регенератор.

View this post on Instagram

A post shared by (@aimeeinghigher)

„Мислам дека е кул и секси, искрено“, „Влакната се секси, не знам зошто тоа е проблем  за некој“, „Сакам кога девојка ми изгледа природно!“, „Не треба да се срамиш, само нека расте“, „Нема ништо лошо во бричење, нема ништо лошо во чување на влакна. Што и да посакате правете го ако сметате дека е вистинскиот избор за вас“, беа само дел од коментарите под нејзините видеа.

View this post on Instagram

A post shared by (@aimeeinghigher)


Но тука се и негативните коментари, па дали навистина заборавивме дека влакната се најприродната работа на светот, без разлика колку поединци мислат дека е „невкусно“ да се прикажуваат на фотографии и во јавност.


Па има и критики и коментари од типот: „избричи се“, „мајмун“, „грда си“, „гадна“... и слично. 

Но, таа не е единствената која јавно се обидува да ја разбие стигмата околу бричењето. Веќе со години, една од најгласните и највлијателните луѓе е Џоана Џеј Кени, која не само што пушти влакна на надусниците, туку и стави маскара на нив, предизвикувајќи гнев кај многумина.

View this post on Instagram

A post shared by JOANNA KENNY (@joannajkenny)


„За сите мои пријатели со темни влакна - да ве потсетам дека влакната на лицето се НОРМАЛНИ“, рече тогаш таа.... Сосема е нормално што несовршеностите се претежно надвор од класичните стандарди за убавина бидејќи сами ги наметнавме“, вели инфлуенсерката, но додава дека повеќето од нас пораснале со фактот дека треба да се срамиме од своите влакна.

Таа напиша:

Влакната на лицето не ме валкаат
Влакната на лицето не ме прават помалку жена
Влакната на лицето не значат дека не се грижам за себе
Видливите влакна на лицето не значат автоматски дека имам хормонален дисбаланс или дека сакам луѓето кои ги имаат да не ги депилираат
Влакната на лицето и телото може да бидат наследни
Само затоа што не ги отстранувам влакната не значи дека ги осудувам луѓето што го прават тоа.
Поентата е дека секој има право да направи свој избор

И навистина, да, поентата е дека секој од нас треба да има слобода на избор кога носи одлуки за сопственото тело, БЕЗ СТРАВ ОД ПРЕДРАСУДА.

На скинфлуенсерите им се придружија и познати личности кои одбиваат да депилираат одредени делови од телото. Така ја видовме ќерката на Мадона како храбро ги покажува небричените пазуви на црвениот тепих.

фото:Profimedia

извор:stil.kurir

Во пубертет почна да ѝ расте брада на лицето: Се бричев два пати на ден, а потоа решив да работам во циркус

Сѐ уште одбива да ги депилира надусниците, веѓите и нозете: Елдина не се срами од изгледот ниту денес