Мари Кондо: Жената која го научи целиот свет да ја организира својата облека и својот живот

Сигурно сте слушнале за методот на организирање КонМари. Нејзиниот творец е малата и слатка Јапонка, Мари Кондо, која направи сите ние да се чувствуваме привлечени.
Нејзиниот принцип на сортирање и организирање на облеката се покажа како практичен не само за Азијците, туку и за сите нас кои живееме опкружени со многу вишок предмети.
Таа има неколку основни принципи кога станува збор за организирање на домот:
*Чувајте ги само работите кои ве прават да се чувствувате среќни.
*Не задржувајте предмети со образложение дека „можеби ќе се потребни“. Спакувајте се што мислите дека „ќе ви треба“ во една кутија. Ако после 6 месеци ако не ви требало ништо од неа, само фрлете ја (или донирајте/продадете ги работите). Очигледно е дека овие предмети нема да бидат потребни.
*Спомените не одат со нештата. Често ги чуваме работите само затоа што не‘ потсетуваат на нешто од порано. Работите што не опкружуваат треба да одразуваат кои сме сега.
Погледнете повеќе од нејзините совети за средување на домот, а ако имате малку време, сега има и ТВ серија со неа, наречена „Tidying Up with Marie Kondo“.
Фото: Youtube - screenshoot/Инстаграм
Видео: Youtube