Марија Шерифовиќ удира автомобил, па се дере на непозната личност?! Се појави вознемирувачко видео

Добивај вести на Viber

Твитерџиите се убедени дека на видеото е популарната пејачка

Пејачката Марија Шерифовиќ неодамна се појави во јавноста со гипс на десната рака, а тоа го објасни со тоа дека се повредила додека мајсторувала нешто кај мајка си. Меѓутоа, сега на Твитер се појави компромитирачко видео, а твитерџиите се убедени дека тоа е Марија.

Имено, на ова видео кое е снимено од далеку, девојка која дефинитивно личи на Марија, на сред улица, покрај непрописно паркиран црн џип, пцуе некого со зборовите - „К**во ќе ја е*** мајка ти“, додека одредена девојка е до неа. Потоа влегува во автомобилот и продолжува да пцуе. Во следниот момент таа бесно се фрла и со десната тупаница удира во автомобилот, што би го објаснило гипсот што неодамна го стави на таа рака.


Таа урла и изгледа како да плаче, додека и гласот навистина наликува на гласот на Шерифовиќ.

Твитерџиите се сигурни дека тоа е Марија, како што напишаа во коментарите.



фото/извор:  24sedam/Printscreen Twiter