Меган и Хари прв пат во јавноста по погребот на кралицата: Не ја симнуваат насмевката од лицата
Принцот Хари и Меган
Маркл прв пат јавно се појавија по смртта на
кралицата Елизабета Втора, еве каде го поминаа времето
Принцот Хари и Меган Маркл се вратија во Америка по погребот на кралицата Елизабета Втора, а сега првпат се видени во јавноста по тој настан.
Внукот на кралицата и неговата сопруга продолжија понатаму, а очигледно решија да си дадат одмор и да заборават на проблемите, забавувајќи се на концертот на Џек Џонсон во амфитеатарот Санта Барбара во Калифорнија.
Војводата и војвотката беа фатени како танцуваат и разговараат со публиката во специјално ограден дел од амфитеатарот, а Хари со изливи на нежност покажа колку ја сака Меган и неколку пати ја прегрна околу половината.
Меган наводно пристигнала на концертот околу 20 часот, а Хари пристигнал еден час подоцна, а заедно уживале во забавна вечер.
Кралската двојка деновиве ги полни медиумските колумни поради нивната неизвесност за серијата која треба да излезе во соработка со Нетфликс.
Тие снимија документарен филм со големата и позната платформа Нефликс, кој моментално е во фаза на монтажа, а парот наводно не е задоволен како на крајот испаднало се‘.
На виделина излегоа информации дека парот не е задоволен од тоа како се прикажуваат одредени сцени, иако самите зборуваа за се‘, па сега се плашат од прикажување на серијата, по смртта на кралицата.
Очигледно сега размислуваат дали воопшто треба да ја пуштат серијата во јавноста.
Нивниот документарец вреден 100 милиони долари требаше да се појави на Нетфликс во декември оваа година, по последната епизода од серијата The Crown, но според добро упатени извори, тие наводно побарале серијата да се одложи за следната година.
Фото: Профимедиа