Моќната Серена уште еднаш ја одложи пензијата и му се приближува на трофејот: Најголемите, не заминуваат така лесно!

Добивај вести на Viber

Фото: ЕПА

Серена Вилијамс продолжува да победува на последниот турнир во кариерата.

Американската тенисерка Серена Вилијамс се пласираше во третото коло на Отвореното првенство на САД, откако со 7:6, 2:6, 6:2 ја совлада втората светска тенисерка, Естонката Анет Контавеит.

Шампионката на 23 Грен слем турнири во третото коло ќе игра со Австралијката Ајла Томљановиќ, која по пресврт со 1:6, 6:2, 7:5 беше подобра од Русинката Јелена Родина.

- Не брзам, ја обожавам оваа гужва. Боже мој, ова е одлично. Уште малку остана во мене. Ќе видиме – изјави Вилијамс додека доби овации од полните трибини на стадионот „Артур Еш“.


Дали се изненади самата?

- Па, јас сум прилично добар тенисер. Ова е она што го правам најдобро. Сакам предизвик. Сакам да преземам предизвик. Не одиграв многу натпревари оваа година, но добро тренирав. Во последните неколку натпревари не бев своја, тоа не бев јас. Сега во Њујорк сѐ се врати – истакна Серена.


Фото: Инстаграм