На 6 години бевме принудени на интимност, на 10 ја губевме невиноста: Побегнала од СЕКТА чии членови биле ПОЗНАТИ АКТЕРИ

Добивај вести на Viber

Исповедта на жената која побегнала од сектата „Божји деца“ ги опишува ужасите со кои се соочиле децата

При спомнувањето на организацијата „Божји деца“, сигурно веднаш би помислиле на конзервативна верска заедница, која ги пропагира вистинските семејни вредности и воспитувањето на децата по строги патријархални правила.

Меѓутоа, вистината е сосема поинаква, бидејќи зад ова име се крие култ кој ги уништи животите на многу девојки.

Сектата „Божји деца“ е основана од поранешниот свештеник Дејвид Берг во Хантингтон Бич, Калифорнија во 1968 година и честопати беше позната како центар на психолошка и сексуална злоупотреба.

Некои од нејзините поранешни членови се актерката Роуз Мекгован, трагично починатиот актер Ривер Феникс и неговиот познат брат Хоакин Феникс.

Силувањето на децата во сектата на Берг беше изговор за „зголемување на племето“, што доведе до многу бремености во нивните општини, како што потврди внуката на Берг, Фејт Џонс, во нејзината книга.

Таа била принудена на интимна врска кога имала само 6 години

Фејт својот живот во сектата го спореди со животот на калуѓерка, но со „многу с***“. Озлогласената секта го застапуваше „Законот на љубовта“, кој им велеше на жените да ја покажат својата љубов кон Исус преку с** со мажи.

„Ми требаше долго време за да сфатам дека да се биде принуден да се с***а со некого врз основа на тоа што ќе ти кажат дека Бог ќе те казни или поради страв од понижување е исто што и силување“, признала таа за New York Post.

Таа е родена како седмо дете во Хонг Конг, во полигамно семејство, откако сектата се проширила во Азија. Таа пораснала со нејзиниот татко Хозе, мајката Рути и неговата прва сопруга Естер. Не ѝ било дозволено да учи, туку деновите ги поминувала во молитва и работа.

Вистинскиот вовед во животот на овој озлогласен култ го доживеала на 11-годишна возраст, кога била принудена да спие со брачен пар!

Кога Фејт имала 4 години, се преселила во Макао со своите родители, откако се проширила веста за сектата. Живееле во сиромаштија, без бања и струја, но таткото на крајот го претворил имотот во Макао во место за нормален живот.

Фејт откри дека во сектата, с**с се практикува како служење на Бога, а одбивањето на с*** е „да се биде тешко и себично“ и да се оди против Божјата волја.

Додека другите девојчиња си играле, таа ги учела за интимните врски

„Живеевме во заедница и поминувавме часови молејќи се и читајќи. Единствената разлика е во тоа што повеќето религиозни наредби забрануваат с**с, а ние тоа го практикуваме“, рече таа.

Додека другите девојки си играа со барбики, Фејт учеше за с***. Кога другите деца гледаа цртани, таа гледаше филмови за возрасни. Нејзините врсници излегле во градот, а таа седнала во четири ѕида со закана дека ако ја напушти сектата, ќе биде казнета.

Кога имала 6 години, вујко ѝ покажал како да го задоволи со рацете, а на 10 години двајца чичковци ја опсипувале со француски бакнежи. Недолго потоа, таа се појави со нејзината мајка Рути во видеото наречено „Азиски ангели, том два“, кое владата го искористи како детска порнографија.

До 10-годишна возраст сите ја губат својата невиност

Фејт, исто така, потсетува како жените отишле да се „проституираат“ за Исус. Кога имала 22 години, решила да ја напушти сектата и да замине да студира право, што нејзините родители го поддржале и длабоко се извиниле за траумата што и ја нанеле, иако никогаш сексуално не ја злоставувале.

View this post on Instagram

A post shared by Faith Jones Author (@iamfaithjones)


Сектата „Божји деца“ е основана како мала група забегани тинејџери и хипици кои под водство на Берг, харизматичен евангелистички свештеник, се посветиле на обожавањето на Исус Христос и на промискуитетните сексуални односи.

Филозофијата на Берг, која тој ја нарече „Закон на љубовта“, беше мешавина од христијанската догма и идеалот за слободна љубов од ерата на сексуалната револуција од 60-тите. Со цел да привлече нови членови, тој се залагаше жените од сектата да бидат подредени на мажите.

„Законот на љубовта е доктрина која сакаше да ја оправда и сокрие сексуалната експлоатација. Таа ги натера луѓето да мислат дека се обврзани да ги даваат своите тела на други поради нивните потреби. Тоа беше ставот дека твоето тело не е твое, туку дека треба да му го оставиш на Бог“, вели Мишел Јанг, најпосветената улична проповедничка, за „Гардијан“.

Близнаците Флор и Тамар Едвардс (34) исто така побегнале од сектата во која се родени повеќе од 1.000 деца. Во сектата им било кажано дека ќе умрат како божји маченици на 12 години бидејќи членовите верувале дека апокалипсата ќе следи во 1992 година.

Берг ги принудил новите членови да ја запаметат Библијата и да живеат како раните христијани. Во 1994 година, смртта на Берг доведе до распуштање на сектата, при што Карен Зерби го презеде раководството, дозволувајќи им на членовите поголема слобода.

Пекол преживеа и Кристина Бабин (46) како дел од озлогласениот секс култ „Божји деца“, кој уништи животи на многу млади! Во 2018 година, Кристина во својата исповед за „Мирор“ откри дека таа, нејзините браќа и сестри биле принудени да одат на улица за да питачат. Разговорот со надворешниот свет бил забранет, а децата биле претворани во робови.

Вистинскиот вовед во животот на овој озлогласен култ го доживеала на 11-годишна возраст, кога била принудена да спие со брачен пар!

Извор: Стил Курир

Фото. Профимедиа, Инстаграм