На Лила конечно ѝ се оствaри најголемата роденденска желба: Ова ќе го памети засекогаш!

Добивај вести на Viber

Познатата македонска водителка и инфлуенсерка Лила Филиповска, по низа импресивни патувања ширум светот, конечно го заокружи едно од своите најголеми животни соништа – ја посети култната статуа на Исус Христос во Рио Де Жанеиро, симболот на христијанството и едно од новите седум светски чуда.

Лила под фотографијата на Инстаграм, на која со раширени раце стои под монументалната статуа на врвот на Корковадо, напиша:

„Исполнување на мојата роденденска желба, посетата на статуата на Исус Христос во Рио Де Жанеиро, симболот на христијанството. Ова колосално здание е високо триесет и девет метри и од таму се пружа прекрасен поглед на градот. Прогласен за едно од новите седум светски чуда. Едно од најпосетените места во Рио и нешто што никако не треба да го пропуштите при вашата посета во Рио Де Жанеиро.“

Покрај Рио, Лила заедно со нејзината блиска пријателка и колешка Биг Мама, го посетија и Сао Паоло, вториот најголем град во Латинска Америка, каде што го продолжија своето бразилско патување исполнето со нови искуства, културни доживувања и многу смеа.

Ова незаборавно патување беше и роденденски подарок за Лила, која својот специјален ден го прослави „меѓу облаците“, како што самата напиша во една од објавите:

„Она кога роденденот го славиш меѓу облаците.“

Со оваа авантура, Лила уште еднаш потврди дека за неа патувањето е стил на живот, а инспирацијата – нешто што со срце го споделува со својата публика. Судејќи по нејзината енергија и љубов кон нови дестинации, ова дефинитивно нема да биде последната светска знаменитост што ќе ја видиме на нејзиниот профил.

РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Инстаграм