На Македонија ѝ донесе злато, му се спротистави на Мек Грегор, а за „Женски магазин“ откри какво е секојдневието на една ММА шампионка

Почнала со балет, завршила во ММА. Иако овој спорт е нетипичен за девојчиња во нашата средина, поддршката која Даниела Алексовска ја добила од родителите, пред сѐ од нејзиниот татко Ивица Алексовски, ја направија единствена носителка од Македонија на најпрестижната титула во ММА спортот.
На прв поглед скромна и нежна, но сепак силна и борбена. Откако го освои златото во ММА и со тоа ѝ донесе голем национален успех на Македонија, Алексовска продолжи кон нови цели.
Викендов се бореше со Ева Круз од Ирска. И покрај големите разлики во категории, тежини, искуство, Алексовска достоинствено се бореше до крај. Чесен пораз кој ќе ја направи уште посилна. Важно е дека не се предаде и ја покажа својата исконска спортска борбеност.
Нејзината противничка ја поддржаа светски фактори во овој спорт. Дури и големиот Мек Грегор стоеше зад Ева Круз. Зад Алексовска стоеше само нејзиниот татко, тренер и македонски спортист, како и нејзиниот тим, нејзината скромност како најважната спортска големина и нејзиното лавовско срце!
Во разговор за „Женски магазин“ Алексовска говореше за своето секојдневие, што прави секој ден, кои навики ги има, сите ситници што успех значат, за бремето на професионалниот спорт, но и за убавите нешта кои спортот ги носи. А се осврна и на своите очекувања од изминатата борба.
Целиот разговор погледнете го во продолжение:
Разговорот го водеше: Магдалена Стојмановиќ - Константинов