Најограничена во мојот живот: Сузана Турунџиева откри како ќе ја дочека Новата година

Добивај вести на Viber

Пандемијата ни ги скрати крилјата во буквална смисла на зборот. Нѐ оддалечи од пријателите, роднините, најдобрите другари, но воедно ни дозволи да сфатиме дека семејството е најважно и нѐ потсети на тоа колку се важни семејните односи.

Дочекот на Новата година се наближува, а мерките уште повеќе се засилуваат, што значи дека во 00:00 часот по полноќ Новата година ќе ја дочекаме со семејството и најблиските и ако до минатата година ги баравме на телефон за да им честитаме, оваа тоа ќе може да го направиме во живо. 

Пејачката и водителка Сузана Турунџиева за Женски магазин откри каде и со кој ќе ја дочека Новата година, но не ја криеше ниту разочараноста од оваа година која е сѐ, само обична не.

„Дефинитивно ова е најоткачена и најограничена Нова година во мојот живот, во која комплетно ни е одземена слободата на движење, слободата на гушкање, на честитање“, започна Сузана, а потоа додаде:

„Ќе се потрудам оваа Нова година да бидам со моите најмили дома, со мојата поголема ќерка Лора, со зетот и со внукот и да бидеме барем заедно на таа вечер, да се помолиме дека во Новата година ако не веднаш, тогаш таму некаде до средината на следната година ќе заврши целата оваа приказна со пандемијата и дека ќе ни се врати животот во нормала.“

Нејзината желба во Новата година е очекувана, таа посака сите работи кои сега ни се забранети да станат дозволени.

„Не ми се допаѓа оваа нормалност, не ми се допаѓа животот под маски, животот на дистанци. Мојата нормалност е да се движам слободно и да патувам слободно, да гушкам безгранично и да немам пречки во комуницирањето“, заврши Сузана.

И.М.

Може да ве интересира:

Скромна новогодишна желба и благодарност до сите хумани луѓе: За Женски Магазин медената Атиџе