Научно доажано: 5 причини зошто луѓето кои секогаш и секаде доцнат се поуспешни од оние кои се секогаш на време и точни

Научниците ги поделија луѓето на два типа кога станува збор за доцнењето: тип А не доцнат, тип Б доцнат, но се разликуваат по некои карактерни работи.
Звучи нереално, но луѓето кои доцнат се на пример поопуштени и пооптимисти по природа, а ова може да им помогне и во деловни потфати. А кои други добри особини ги имаат овие луѓе?
Овде, научниците велат дека луѓето кои постојано доцнат на состаноци, работа и факултет (секое општество ги има) всушност не покажуваат непочитување кон личноста со која се договориле - иако ќе биде тешко да се убедат оние што постојано чекаат некој. Работата е што луѓето психолошки се поделени на два вида.
Типот А, да го наречеме така, е поагресивен, самокритичен, конкурентен и повеќе внимава на времето, т.е е поточен.
Типот Б е повеќе склон кон доцнење, потрпелив и опуштен - што се во исто време карактеристики кои им помагаат да станат поуспешни. Навистина не разбираме како конкурентноста, прецизноста и дозата на агресивност можат да направат полошо, а оние кои не стигнуваат никаде на време можат да бидат посреќни во професионална смисла, но следува објаснување...
Луѓето кои секогаш и секаде доцнат:
1. Покреативни се
Типот Б покажува поголема имагинација која е корисна во креативните занимања. Тие не се плашат да ги прекршат правилата или да ги надминат зададените граници и не се замараат со деталите. Овие квалитети ги имаат претприемачите и лидерите, луѓе кои се поуспешни од другите. Додека работат, тие можат целосно да ја изгубат смислата за времето, но сепак да постигнат одлични резултати.
2. Тие се оптимисти
Луѓето кои доцнат често се пооптимисти и поради оваа особина ретко се откажуваат, а тоа ги води до успех во животот. Една студија покажа дека оптимистичните трговци продаваат 88% повеќе од песимистите. Општо земено, оптимистите секогаш одат напред, и ако се појави проблем, тие секогаш веруваат дека има решение за тоа.
3. Работат повеќе работи одеднаш
Ако вашиот пријател постојано доцни, веројатно мрзеливоста не е причината. Некои луѓе се обидуваат да направат сè одеднаш и можеби ќе бидат поуспешни поради тоа. Но, мултитаскингот може да предизвика целосно губење на чувството за времето, па затоа треба да го држите тој квалитет под контрола и да се обидете да го организирате вашиот ден така што никој претерано не чека.
4. Поопуштени се
Луѓето од типот Б се поопуштени бидејќи чувствуваат пониско ниво на анксиозност, што ги прави поотпорни на стрес, па подобро се справуваат во деловното опкружување. Дури и кога ќе доцнат, нема да паничат и да грешат. Според нив, сè може да почека.
5. Тие се перфекционисти
Пример - се подготвуваш за состанок, прво ја менуваш облеката што си ја одбрала. Се шминкаш повнимателен од вообичаено. Го поправаш карминот затоа што попатно пиеш кафе. Проверуваш дали си ја исклучила пеглата. Проверуваш повторно. На крајот - доцниш.
Навиката дека се мораш да направиш совршено води до резултат да доцниш, но исто така и да бидеш добар работник бидејќи ништо не оставаш на половина, на случајност и сè правиш совршено.
Па, не е ни чудо што овие луѓе, иако доцнат, добиваат унапредување.
фото:unsplash