Не се плашев, но не е лесно: Гоца Тржан за вонтелесното оплодување за време на пандемија
Иако досегашните обиди беа безуспешни, пејачката храбро ја продолжува борбата за потомство...
Гоца Тржан веќе некое време се обидува преку вонтелесно оплодување да добие дете со сопругот Радомир Новаковиќ. Иако досега тоа не им одеше од рака, таа не се откажува - храбро ја продолжи борбата и за време на пандемијата на коронавирус. Како што вели, не се плашела, но процесот секако не бил лесен.
„Не се плашев, затоа што протоколите се неверојатно строги, на клиниката не можеше да влезе никој освен трудниците со маски. Тешко е кога правиш стимулации, што отекуваш, што хормоните те дуваат, немав психички проблеми, но најтешко е кога ќе сфатиш дека ништо не се закачило“ - изјави таа во „Плус Србија“.
„Со оглед на тоа дека огромен број на млади двојки имаат проблем, мислам дека е добро државата да се позанимава со тоа, доколку сака да го подобри наталитетот.“
Инаку, имаше и што да им порача на сите млади двојки:
„На сите млади двојки би им порачала да се смеат што повеќе, да водат љубов што повеќе, да уживаат еден со друг. Јас знам дека е тешко и знам колкави очекувања имате и дека е стресно, но обидете се да се насмеете, секако ќе се случи она што треба, без разлика дали ќе се нервирате или не. Трудете се да не се оддалечите од својот партнер, бидете си поддршка еден на друг. Мажи, бидете им поддршка на своите жени. Поддржете ги своите жени. А, на крајот на краиштата, доколку никако не оди, доколку ништо не помага, посвојте дете. Мислам дека државата и со тоа би требало малку да се позанимава.“