Нејзиното интимно видео сега го имаат сите во телефон: Инфлуенсерката го обвини фудбалерот за осветољубива порнографија

Една од најпопуларните инфлуенсерки од Мајами, 26-годишната Исабела Ладера, јавно го обвини својот поранешен дечко – колумбискиот пејач Беле (23), со вистинско име Брендон Лопез – дека објавил интимен снимак од нивниот сексуален однос.
Ладера случајот го нарече „најсурово предавство“ и преку социјалните мрежи истакна:
„Длабоко сум скршена. Интимен момент протече без моја дозвола. Тоа е предавство од човек кој ме лажеше од почеток и кој никогаш не ме заштити.“
Таа верува дека видеото било објавено од одмазда, откако таа решила да продолжи понатаму по нивната разделба.
Од другата страна, Беле преку адвокатите ги негира обвинувањата, тврдејќи дека и самиот е жртва.
„Ниту објавил, ниту учествувал во ширење на материјалот. Неговата кариера и углед исклучуваат мотив за таков чин,“ стои во соопштението.
Исабела и Беле беа во врска од 2023 година, која заврши со бурно раскинување во јули 2024. Односот уште од почеток беше исполнет со скандали. Бившата сопруга на Беле, Камила Родригез, тврдеше дека тој ја изневерувал со Исабела додека била бремена со нивното второ дете.
Во еден подкаст, Камила изјави дека му помогнала да ја изгради кариерата, а за возврат тој ја оставил без ништо. Објави и наводни пораки меѓу Беле и Ладера како доказ за нивната афера во Мајами.
Скандалот предизвика големо внимание во латино јавноста, а следбениците со поделени реакции чекаат развој на случајот.
Извор / Instagram
*Дознајте сè за случувањата во шоу бизнисот, бидете во тек со темите за животен стил и мода. Пријавете се во нашата Вибер група